НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Кои се условите за упис во Вашата школа?
Единствен услов за упис е волја за учење на странски јазици на еден поинаков и уникатен начин.
Какви видови на сертификати и дипломи се издаваат од страна на Вашата школа и дали издавате сертификати од одредени меѓународни организации?
Нашето училиште издава дипломи за завршен степен, а за најсолидните ученици се доделуваат пофалници.
Дали остварувате соработка со странски школи?
Остваруваме успешна соработка со Cambridge University од Англија за одржување на пробни тестирања за испити: FCE, CAE, IELTS…
Дали сте организатори на одредени натпревари или настани со цел зголемување на амбициозноста и интересот кај малите деца?
Низа компетитивни активности се организираат со цел да се развие амбицијата за надградување на индивидуалните јазични способности преку тимска работа, а воедно и да се поттикне желбата за изучување на странски јазици.
Во кој период се организира наставата и курсевите и со колкаво траење се тие?
Наставата се организира од месец септември до месец јуни со времетраење од 60 минути за детските степени (во рамките на една учебна година) и 90 минути за возрасните слушатели (еден семестар = еден степен).
КОРИСНИ ЛИНКОВИ
ПРИЈАВИ СЕ ОНЛАЈН
За да бидете вклучени во програмата за изучување на саканиот странски јазик може да се пријавите електронски.