ОДРЕДБИ И ПРАВИЛА
Слушателите ја посетуваат наставата според предвидениот распоред.
Piccadilly S го задржува правото да ја откаже групата доколку нема доволен број на кандидати, да го промени терминот или професорот во случај кога така наложуваат условите.
Слушателите треба редовно да ја посетуваат наставата, да пристигнуваат на време на часовите и да ги почитуваат членовите на групата и дисциплината на часовите.
Слушателите можат да го прекинат курсот поради болест или друга оправдана причина во договор со Piccadilly S .
Доколку без најава слушателот отсуствува или се откаже од курсот, должен е да ги плати часовите до денот на утврдување на неговото откажување.
Оценувањето се врши во текот на целиот курс преку континуирани вежби и завршни испити.
Диплома за посетување на настава со ниво одредено според Заедничката европска рамка се добива на крајот на курсот. Диплома се добива со посетеност од најмалку 70% од часовите или совладување на 60% од наставната програма.
Слушателите треба да ги почитуваат роковите за плаќање.
Piccadilly S не презема одговорност за оставените или загубени предмети во просториите на училиштето.
Слушателите се материјално одговорни за штетите што ќе ги сторат во просториите и на инвентарот на Piccadilly S.
За сите поплаки, жалби и секаков вид прашања и забелешки, слушателите се обраќаат кај својот професор или секретарот.
КОРИСНИ ЛИНКОВИ
ПРИЈАВИ СЕ ОНЛАЈН
За да бидете вклучени во програмата за изучување на саканиот странски јазик може да се пријавите електронски.